На продажба 70 станови во Битола за млади брачни двојки

Bez autora
Mar 28 2012

Министерството за транспорт и врски денес ќе објави оглас за продажба на 70 станови во зграда на улицата Кочо Рацин во Битола. Становите наменети за млади брачни двојки и самохрани родители се со површина од 31 до 45 квадратни метри, а цената на квадратен метар без ДДВ е 554 евра. Во огласот ќе има објава и за три стана во општина Аеродром во Скопје, со просечна цена од 770 евра без ДДВ, кои не биле продадени на претходните три огласи. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, распределбата по електронски пат ќе се врши така, што две третини ќе можат да купат брачни двојки до 38 години и кои се во брак најмногу 8 години, а ќе се зема предвид и бројот на деца. Другата третина се наменети за самохрани родители во зависност од бројот на децата и перидот во кој се самохрани.

На продажба 70 станови во Битола за млади брачни двојкиМинистерството за транспорт и врски денес ќе објави оглас за продажба на 70 станови во зграда на улицата Кочо Рацин во Битола.

Становите наменети за млади брачни двојки и самохрани родители се со површина од 31 до 45 квадратни метри, а цената на квадратен метар без ДДВ е 554 евра. Во огласот ќе има објава и за три стана во општина Аеродром во Скопје, со просечна цена од 770 евра без ДДВ, кои не биле продадени на претходните три огласи.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, распределбата по електронски пат ќе се врши така, што две третини ќе можат да купат брачни двојки до 38 години и кои се во брак најмногу 8 години, а ќе се зема предвид и бројот на деца. Другата третина се наменети за самохрани родители во зависност од бројот на децата и перидот во кој се самохрани.

Барањата ќе се поднесуваат до 28 април. Јанакиески најави дека наскоро ќе има објави за продажба на вакви станови и во Штип и Битола. Во тек на проектирање се и објекти со 42 стана во Скопје и 58 стана во Битола, исто така наменети за млади брачни двојки и самохрани родители.

Становите што ќе бидат огласени денес се дел од владината Програма за изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на државата што ја реализира АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Со проектот за домување на социјално-ранливите групи е предвидена изградба на 35 објекти во 26 града во државата со 1.753 станови. Во периодот од 2007 до 2011 година се изградени девет објекти со 430 станови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik